Балардини: Бев толку глупав со Пандев, јас сум негов голем должник

balardini-pandev

Џенова успеа да оствари уште една исклучително важна победа во борбата за опстанок на гостувањето во Верона кај екипата на Киево, а како и на гостувањето во Рим, клучен гол во судиското надополнување постигна Уругваецот Лаксалт кој заедно со нашиот Горан Пандев е играч кој посебно се истакнува со своите изданија.

Втората победа на гостински терен во период од само неколку дена донесе навистина позитивни вибрации во тимот кој го предводи Балардини, тренерот на Џенова кој од натпревар во натпревар не престанува да укажува на огромниот придонесе кој го има Горан Пандев.

Балардини не штедеше комплименти за македонскиот напаѓач по победата над Лацио во која Гоче постигна еден од двата гола, а сега по минималната победа над Киево повторно издвои време на прес-конференцијата за нашиот фудбалер.

– Јас сум должник на Пандев веќе цели седум или осум години. Бев толку глупав со Пандев за тоа што воопшто не го селектирав во тимот на Лацио. Сега, конечно, уживам со него во Џенова, – порачува Балардини кој во тоа време беше тренер на Лацио и за да не влегува во војна со претседателот Лотито, го игнорираше нашиот напаѓач.

Facebook Коментари