Поврзете се со нас

Свет

Балак за тоа каде сака да го види Клоп во иднина: Тој го има овој квалитет, карактер…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп си заминува од премиерлигашот Ливерпул по крајот на оваа сезона, клуб на кој верно му служеше во изминативе девет години.

Тој процени, одлучи дека е време за промена, одмор за да ги наполни батерии по постојаните обврски кои ги имаше со клубот во минатиов период, но и покрај тоа што порача дека ќе прави пауза неговото име е поврзувано со повеќе позиции како онаа во Барселона, се споменува и како селектор на Германија…

Останува да се види кој ќе биде наредниот потег, а легендарниот Михаел Балак се надева дека стратегот во блиска иднина ќе се одлучи да го води националниот тим.

-Мислам се разбира. Во нормална кариера, еден ден ќе стане менаџер на германската репрезентација. Сите тоа го бараат. Тој е еден од овие тренери кој сега е во позиција каде што може да донесе своја одлука и да изгради сопствена кариера. Тој може да го тренира секој клуб во светот. Мислам дека секој клуб би бил среќен да го има.

-Ама е човек кој исто така сака конзистентност и има вредности, а сега е во момент и фаза во кариерата каде што ја има оваа смиреност да не донесува брзи одлуки, да размислува 10 пати повеќе за да направи потег – особено од таква добра средина што тој самиот ја изгради (во Ливерпул). Но, ние би сакале еден ден, бидејќи го има овој квалитет, го има овој карактер, всушност да ги симболизира сите Германци и германски ставови и ни треба лидер како него.

-Секогаш кога е подготвен, мислам дека на луѓето, навивачите, тоа би им се допаднало, -порача некогашната ѕвезда на Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни