Поврзете се со нас

Англија

Балак: Ван Дајк има среќа што не мора да ги чува Дрогба, Анри, Руни..

Објавено

на

Германската фудбалска легенда, Михаел Балак не е од оние кој е премногу восхитен од Вирџил Ван Дајк, поточно од тврдењата дека е најдобар стопер во историјата на Премиер лигата.

Холанѓанецот по доаѓањето во Ливерпул донесе голема промена, го крена тимот на едно повисоко ниво, па сега тој е на добар пат по пауза од 30 години да дојде и до лигашка титула.

Сепак Балак смета дека Ван Дајк има среќа што игра во оваа ера на ПЛ во која нема напаѓачи од типот на Дидие Дрогба, Тјери Анри, Вејн Руни, Алан Ширер…

-Ван Дајк има голема среќа што игра во ера во која фалат играчи како Дрогба, Лампард, Ширер, Анри, Руни, Ван Перси, Тевез, Адебајор и Коста.  Ништо чудно што сите мислат дека е најдобар центарлен дефанзивец на светот, -истакна Балак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни