Поврзете се со нас

Шпанија

Балаг потврди за „Би-Би-Си“: Мбапе го потпишал договорот со Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе веќе ставил потпис на договорот со Реал Мадрид и формално ќе стане член на шпанскиот клуб од 1. јули.

Французинот има договор со ПСЖ до 30. јуни и затоа е тивок по прашањето за неговиот следен клуб, но угледниот шпански новинар Гилјем Балаг потврди дека двете страни веќе ги имаат прецизирано деталите.

Реал Мадрид планира да го потврди трансферот следната недела, а промоцијата на новата ѕвезда ќе се случи дури по крајот на ЕП во Германија.

Мбапе потпишал договор до 2029 година, ќе добива годишна плата од 15 милиони евра, но и бонус за трансферот од 150 милиони евра, кои ќе му бидат исплатени на пет годишни рати.

Реал во моментов е фокусиран на славењето на титулата во Лигата на шампионите, но администрацијата и раководството веќе се подготвуваат за официјалната потврда на трансферот на Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни