Балаг: Нејмар ќе прифати помала плата за враќање во Барселона

nejmar-angers

Враќањето на Нејмар во Шпанија донесе неизвесност околу тоа дали Бразилецот повторно ќе го облече дресот на Барселона или пак ПСЖ ќе ја прифати понудата на Реал Мадрид.

Угледниот шпански новинар, Гилјем Балаг вечерва објави дека Нејмар прифатил сериозно намалување на платата само за да се врати во Барселона.

– Нејмар ќе прифати наместо 38 да добива 23 милиони евра годишно, а во Барселона знаат дека треба добро да се потрудат за да го добијат неговиот потпис.

– Меси, Суарез и Пике го сакаат назад, но исто така и претседателот Бартомеу. Тој има уште две години од својот мандат и сака да остави што поголемо наследство, а сите споменати заедно со Нејмар ќе биде голема работа, – потенцира Балаг.

Facebook Коментари