Поврзете се со нас

Македонија

Баковиќ и во новата сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Хрватскиот интернационалец, Марко Баковиќ и во новата сезона ќе биде дел од составот на македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Баковиќ ја прифатил понудата од „штрковите“ и ќе остане во Аеродром најмалку до 2025 година. Марко е играч кој може да ги покрие позициите четири и пет (крилен центар и центар), искусен кошаркар кој во кариерата настапувал во БиХ, Шпанија, Исланд и Италија.

Тој е трет играч со кој МЗТ ја обновува соработката по браќата Дамјан и Војдан Стојановски.

Од новите имиња тука е Брандон Слај, додека староседелци се Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни