Поврзете се со нас

Македонија

Бакоч, Кошанин и Миса нови имиња во Академија ФМП

Објавено

на

Екипата на Навико Академија ФМП и во новата сезона ќе се обиде да бележи добри резултати, а секако за да се реализира тоа потребен е добар состав, тим кој ќе може да одговори на барањата на тренерот Александар Петровиќ .

Академија ФМП доведе три нови имиња и тоа се повремениот македонски репрезентативец Филип Бакоч кој пристигна од МЗТ Скопје, потоа Дамјан Миса од Црн Дрим Грин Мобиле како и Недељко Кошанин.

Токму српскиот плејмејкер е најзвучно засилувања, во новата средина пристигна од Беовук каде во просек постигнуваше 16.5 поени, 5.6 асистенции и 5 скокови по натпревар.

Покрај овие имиња клубот од Кисела Вода ги има на располагање Стефан Крстајиќ, Лука Стојановски, Славчо Темелковски, Оливер Двојаковски, Никола Анастасовски, Никола Груевски и Филип Ѓоргиев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни