Поврзете се со нас

Македонија

Бакоч ќе го носи дресот на Работнички

Објавено

на

Екипата на Работнички договори уште едно засилување за новата сезона, а тоа е повремениот македонски репрезентативец, Филип Бакоч.

Бакоч во новата средина доаѓа од Академија ФМП што значи одново за соиграч ќе го има Леонид Тодоровски кој претходно потпиша за нашиот најтрофеен македонски клуб.

Инаку Филип во досегашната кариера има настапувано уште за Карпош Соколи, МЗТ Скопје, Еуроникел и АВ Охрид.

Работнички освен двоецот од Академија ФМП ги доведе уште Американците Еј-Џеј Крафорд и Ерик Нотиџ и  Црногорецот Ѓорѓе Мариновиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни