Македонија
Бајрами: Сакам прв трофеј како тренер, Силекс не е тим за потценување

Муарем Бајрами фудбалски ja препороди Македонија Ѓорче Петров и со тоа разбуди европски апетити во населбата на периферијата од Скопје, кои сега ќе се обиде да ги засити со победа во финалето во Купот.
Иако направи голем пресврт и одигра фантастичен фудбал во вториот дел од сезоната, Македонија на крајот не успеа да се пласира во Европа преку домашното првенство, но ќе има последна шанса за тоа преку Купот.
„Лавовите“ утре во големото финале во Купот ќе ги одмерат силите против Силекс, дуел во кој влегуваат како благи фаворити поради формата, но и поради статусот на прволигаш. Силекс е првиот бранител во историјата кој доаѓа до финалето како второлигаш, па кратовчани дефинитивно не се ривал за потценување ако се знае како минаа во вториот ранг.
– Знаеме што да очекуваме за едно вакво финале. Играме против Силекс и двата тима заслужено се најдоа во финалето. Ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи и Струга и дојдовме до завршниот меч. Немаше да се нафатам на оваа работа ако не верував во себе и во квалитет на моите играчи. Тука сме за да го освоиме трофејот,- рече Бајрами на прес конференцијата одржана во национланата арена „Тодор Проески“.
Иако призна дека управата на клубот ги стимулирала со ветување за премии и награди во случај на победа, Бајрами (исто како и неговиот колега Михаилов) одби да каже детали.
– Максимално го почитуваме Силекс како ривал, максимално го респектираме иако влегува во финалето како второлигаш. Сепак, тие се прошетаа во Втора лига. Ги анализиравме детално бидејќи се немаме сретнато со нив една година, знаеме од каде доаѓа опасноста, но не би ги откривал сите детали. Претходно двапати победив како играч во Купот, а сега сакам првпат да победам и како тренер, – изјави Бајрами.
Натпреварот се игра на нашиот најрепрезентативен стадион во Скопје, со почеток во 18 часот.
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 23 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Италијапред 24 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
АТПпред 21 час
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон