Поврзете се со нас

Олимписки игри

Бајлс го заврши настапот во Париз со сребро, но и со величествен потег кон голема ривалка (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Olympics

Американската гимнастичарка Симон Бајлс со право е еден од учесниците за кого најмногу се зборува на актуелните олимписки игри, а денеска таа ги имаше последните настапи на ова олимписко издание.

По трите златни медали со кои го потврди својот квалитет, Бајлс денеска најпрвин беше петта на натпреварот на греда, а во втората дисциплина, партер, успеа да стигне само до сребрен медал, што секако е дополнителен успех за неа на овие ОИ.

Златото отиде кај Бразилката Ребека Андраде, бронзата заврши кај сонародничката на Бајлс, Џордан Чајлс, а двете Американки направија величествен потег на церемонијата на доделување на медалите.

Потврдувајќи дека Андраде заслужено е на највисоката позиција на пиедесталот, Бајлс и Чајлс и се поклонија на Бразилката, создавајќи слика која денеска стана вирална на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни