Англија
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед излегоа како победници од драматичната битка со Арсенал во рамките на третата рунда на ФА Купот.
Средбата на „Емеријетс“ во Лондон донесе од се по нешто, жолти и црвени картони, повреди, судиски грешки, продолженија и пенал рулет во кој подобро се снајдоа избраниците на Рубен Аморим.
Повредата на Жезус во одбележа првото полувреме за да во второто „црвените ѓаволи“ го зададат првиот удар преку Фернандеш во 52 минута. Сепак само девет минути подоцна дефанзивецот Дало заработи втор жолт картон со што го стави својот тим во тешка позиција.
Арсенал експресно ова го искористи и со погодокот на дефанзувецот Габриел израмни на 1-1 во 63 минута. Во 72 минута домаќините добија повеќе од дискутабилен пенал, меѓутоа со оглед на тоа што нема ВАР во оваа фаза одлуката на Медли беше конечна, но голманот Бајиндир ја прочита намерата на Одегард и резултатот остана непроменет. Потоа „топчиите“ имаа уште неколку прилики, ама турскиот голман влезе во ритам и го однесе Јунајтед во дополните 30 минути.
И овој нов „период“ не беше доволен за да се добие победникот по што дојде редот на ударите од 11 метри, серија во која Бајиндир му одбрани пенал на Хаверц што беше доволно за Јунајтед со 5-4 да го добие овој дел и обезбеди место во наредната фаза на ФА Купот.
A man for the big occasions ™️
Take a bow, @B_Fernandes8! 👏@ManUtd #EmiratesFACup pic.twitter.com/eRqEwToSoK
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 12, 2025
Gabriel with a moment of magic 🪄@arsenal #EmiratesFACup pic.twitter.com/4V0gO9QLCX
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 12, 2025
BAYINDIR DENIES ODEGAARD FROM THE SPOT😱@ManUtd #EmiratesFACup pic.twitter.com/2jxVD2tn5S
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 12, 2025
-
Англија22 часа
ФА Куп: Јунајтед доби нов премиерлигашки предизвик, Сити го доби „убиецот“ на фаворити
-
Англија23 часа
Дало убеден во успех со Аморим: Со него можеме да ја освоиме титулата во Премиер лигата
-
НБА10 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
НБА21 час
Леброн во одбрана на Дончиќ: Кога кловнот ќе се пресели во палата…
-
Италија23 часа
Соуза нема дилеми кој е најдобриот тим во Италија: Тие се фаворити за Скудетото
-
Италија19 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Лига на шампиони20 часа
Гвардиола: Овој тим е посебен, верувам…