Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ: Забележувам нервоза кај играчите, не смее да недостасува енергија

Објавено

на

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација вечерва ги започнува претквалификациите за Светското првенство во 2023 година, а прв наш ривал на турнирот што се игра во Скопје е селекцијата на Швајцарија.

Ние на овој турнир ќе настапиме без многу важи играчи, играчи кои во претходните години ја носеа репрезентацијата, меѓутоа ситуацијата е таква каква што е, истата не може да се промени и оние што се присутни ќе мора да го дадат максимумот за да дојдеме до резултатите кои ги посакуваме.

Вечерашниот дуел со Швајцарците воедно ќе биде прв официјален за селекторот Драјан Бајиќ кој чувствува дека неговите момци се нервозни, ама верува дека ќе се претставиме во најдобро светло.

-Дојдовме до почетокот на овој претквалификациски циклус. Морам да кажам дека забележувам мала доза на нервоза кај моите кошаркари што е и нормално ако се знае дека немавме голем број натпревари во овие подготовки.

Швајцарија е сериозен тим, со глава и опаш, имаа и промена на селекторската функција и промена на системот на игра. Ги краси сериозна агресивност, имаат напаѓачка формација, дисциплинирани се и знаат што прават. Ние имавме доволно време да се подготвиме за натпреварот, се надевам дека тим ќе одговори на моите барања и дека нема да недостасува енергија.

-Им кажав на играчите дека ни пораз, ни победа нема ништо да одлучат, ни претстојат уште три натпревари и затоа се надевам дека добро ќе одговориме по она што го работевме за време на подготовките и дека на најдобар можен начин ќе ја претставиме Македонија.

-Јас како тренер секогаш се подготвувам за првиот следен натпревар. Сега тоа е дуелот со Швајцарија, така што за Словачка уште не сум ни размислувал. Фокусот е ставен на првиот меч и тоа го барам и од кошаркарите, -рече Бајиќ.

Мечот Македонија-Швајцарија се игра од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни