Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ по поразот од Шпанија: Противникот ги детектираше нашите проблеми

Објавено

на

Македонија немаше сили посериозно да и парира на шпанската кошаркарска репрезентација на стартот на квалификациите за Светското првенство, а селекторот Драган Бајиќ вели дека противникот бил добро подготвен за соочувањето во Скопје.

– Од играта во првото полувреме сум задоволен, но она што го најавив и пред натпреварот е за квалитетот на противникот. Тоа и се покажа на теренот во вториот дел од натпреварот.

– Почнавме да играме брзоплето и се загубивме на теренот. Си дозволивме да загубиме топки и Шпанија да добие лесни поени.

– Шпанците ги прочитаа нашите проблеми и знаеја лесно да одговорат, но тоа е силниот состав од калибарот на Шпанија. Резултатот од овој натпревар не е важен, важен е карактерот на играчите кои се доста борбени. Во периодот што следи мора да најдеме решение за проблемите кои ги воочивме денес и да го градиме тимот за тоа што не очекува во периодот што следи како за овие квалификации за Светското Првенство, така и за Евробаскетот.

– Не е убаво да се загуби натпревар, но треба да бидеме реални за составите на двата тима. Ги предупредив играчите уште во соблекуваланта за цврстината на нивната одбрана, на играчите кои играат во Уникаха и во Валенсија- изјавил Бајиќ по крајот на средбата со Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни