Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ: Овој тим ќе расте од натпревар во натпревар, ќе пробаме да ја победиме Украина

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација се соочува со Украина во вториот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во три земји Јапонија, Филипини и Индонезија.

Ова е уште еден голем предизвик за нашиот национален тим и селекторот Драган Бајиќ кој нема да може да неколку важни играчи, односно ќе мора да го искористи она што го имаше на располагање за дуелот со Шпанија. Бајиќ го знае квалитетот на Украинците, знае дека се работи за добар тим со искусен тренер, но не се откажува од остварување на позитивен резултат во Палатата на спортовите“ во Киев.

-Украина играше со Грузија и пружи добар отпор. Имаат одличен ростер и доста искусен тренер. Сигурно е дека далечното патување ни создава и дополнителни проблеми, затоа што времето за анализа и подготовка ќе биде навистина кратко. Искрено, сите наши подготовки беа за средбата со Шпанија. Па во овој простор кој е пред нас ќе се бидеме да направиме целосна анализа за она што следува, дуелот со Украина.

-Како и да е, тука сме со намера да пружиме некој наш максимум и со амбиции, со намера да пробаме да го добиеме овој натпревар. Со уверение дека од натпревар во натпревар овој тим ќе расте и ќе расте. Атмосферата во екипата е навистина добра. Работам со доста карактерни момци, и навистина сум задоволен. И уживам во работата поради која сум овде, -истакна предводникот на македонската репрезентација.

Средбата ќе започне во 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни