Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ направи анализа на првиот тест на Македонија: Задоволен сум од првото полувреме, не гледам премногу на крајниот резултат

Објавено

на

Најдобрата машка кошаркарска репрезентација загуби од Црна Гора со 81:59 во првиот од двата закажани пријателски натпревар во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Нашиот национален тим беше рамноправен во првите 20 минути за да во вториот дел едноставно попушти и не можеше да се носи со Црногорците како во офанзивата така и во дефанзивата. Селекторот Драган Бајиќ е задоволен како играчите ги исполниле задачите во првото полувреме, а воедно најави комплетна анализа на третата и четвртата четвртина во која имавме доста проблеми.

-Со оглед на тоа дека ова беше нашата прва контролна средба, можам да бидам задоволен, дури и повеќе од тоа. Она што го барам од нив, момците го испочитуваа во таа фаза до натпреварот. Во продолжението, се почуствува онаа ‘ширина’ која Црна Гора ја има во ростерот во однос на нас. Се виде дека се на некои два-три степени погоре во однос на физичка сила која и пресуди да бидат победници. Не гледам премногу на крајниот резултат, но сигурно е дека следува комплетна анализа на второто полувреме.

-Знаете дека Вајли се приклучи подоцна, дека во моментов е на некои 20-30% од онаа вистинска форма. Но знам дека како ќе одминуваат деновите, така тој ќе ја пронајде и својата игра, не се сомневам во тоа. Момците имаа вистински пристап кон поставените задачи, особено во тоа прво полувреме кое треба да е насока за наредниот меч кој ни следува со истиот противник. Видлива беше таа енергија кај нив, да бидат што е можно подобри во дуелите со физички посилните противници. Имаме добра атмосфера, која е потребна за турнирски систем  на натпреваривање. Одиме понатаму низ подготовките, -истакна Бајиќ.

Вториот тест со Црна Гора е закажан за утре од 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни