Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ: Круна на кариерата е да се биде селектор, со Македонија сакам да ги повториме најголемите успеси

Објавено

на

Драган Бајиќ е човекот кој ќе ја предводи нашата кошаркарска репрезентација во наредниот период. Тој ја доби довербата од федерацијата и застанува на селекторската позиција која досега ја извршуваше Александар Тодоров.

Тренерот на Игокеа е среќен што ја добил оваа можност и се надева дека ќе состави тим кој во најмала рака ќе ги повтори најголемите успеси на националниот тим од поблиското минато.

На секој тренер, круна на кариерата му е да биде селектор на една репрезентација. Јас ја добив таа можност и секако дека ми е голема чест и задоволство, особено бидејќи станува збор за Македонија. Ја сакам оваа држава, го сакам Скопје и навистина ќе ми биде голем предизвик. Одлуката ја донесов и поради некои резултати на репрезентацијата од поблиското минато и се надевам дека ќе успееме да ги повториме, –рече Бајиќ во интервјуто за официјалниот сајт на КФСМ.

Воедно тој откри дека планира во стручниот штаб да има еден близок соработник, а останатите помошници да бидат Македонци.

На таа тема зборувавме и на прес-конференцијата. Со одобрение на луѓето од федерацијата, ќе донесам еден мој близок соработник, а останатите помошници ќе бидат Македонци. Засега не можам да кажам кои ќе бидат тие, во следниот период заеднички ќе одлучиме, -порача новиот селектор на „црвено-жолтите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни