Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ ја собра репрезентацијата: Повторно не сме комплетни, жалам што не можеме да ја покажаме вистинската сила

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за двата завршни меча од квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Пред нас се дуелите со Шпанија и Украина, средби за кои селекторот Драган Бајиќ одново нема да може да смета на сите играчи, односно да има на располагање комплетен ростер.

На списокот се 14 играчи (Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Страхил Николов, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Тео Симиќ, Андреј Јакимовски и Рубин Стефанов) кои денеска се појавија на тренингот во СЦ „Борис Трајковски“, а селекторот Бајиќ се надева дека од истиот ќе го извлече максимумот на натпреварите закажани за 1 и 4 јули.

-Добро е познато дека уште ги немаме загубено шансите кога говориме за шансите за следниот круг, туку од Украина. Мора да ги одиграме што е можно подобро последните два меча. Повторно сме хендикепирани, ни недостасуваат неколку играчи… Секој круг се повторува истото, по моето доаѓање, никогаш не бевме комплетни. И жалам за тоа што не можеме да ја покажеме вистинската сила. Но, тоа е што е, ќе се обидеме да извлечеме максимум од двете средби и ако ни се даде шанса ќе одиме на победа, -истакна Бајиќ и додаде:

-Мора да имаме стратегија со екипата, посебно со младите играчи. Мора да се насочиме и кон нив, за во некоја блиска иднина повторно да имаме добри резултати. Не можев да ги видам сите играчи кои ги сакав од младите, некои беа со младинскиот тим и им дозволив да бидат таму. И тука имаме некои млади имиња, кои ќе добијат шанса на последните два меча, -порача предводникот на „црвено-жолтите“.

Македонија е на последното место во групата Г со четири порази на четирите одиграни натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни