Светски првенства
Бајиќ: Групата не е атрактивна, но не е ниту лесна
Драган Бајиќ како нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација го однесе тимот во главните квалификации за Мундобаскетот во 2023-та година, а по извршената ждрепка ова попладне во Мие даде и прва изјава како лидер на новиот проект.
Македонија се најде во групата Г во која Шпанија е апсолутен фаворит за првото место, а во која Македонија би требало во најмала рака да има изедначени пресметки со селекциите на Украина и Грузија.
Трите најдобри селекции од групата ќе патуваат во втората фаза од главните квалификации, во кои Бајиќ најави дека ќе им дава уште шанси на млади кошаркари.
– Добивме група која не изгледа атрактивна, но не е ниту лесна. Но, мојата тренерска филозофија вели дека повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив. Така е и овојпат. Во разговорите со колегите, дознав дека се вложува многу и во Грузија, и особено во Украина. Тоа се сериозни селекции, за шпанската не сакам да дискутирам. Сепак, во мојот реченик не постои зборот предавање.
– Јасна е визијата, сакаме низ овие натпревари да им дадеме уште поголема шанса на помладите. Верувајте во секој прозорец тоа ќе биде и видливо. Овие мечеви би биле само континутитет на реализација на плановите. Искрено се надевам дека во наредниот циклус ќе ги имаме на располагање и играчите кои не беа во можност да бидат дел од селекцијата. И сите заедно да уживаме и да напредуваме низ овие квалификациски натпревари. Се надевам дека зад нас ќе останат проблемите со короната, дека ќе се врати оној стар систем на натпреварување, – вели селекторот Бајиќ.
-
АТПпред 18 часа
Медведев со невкусен коментар за тенисот како спорт: Ракети одат во вселената, а ние…… (Видео)
-
Шпанијапред 6 часа
Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео)
-
Англијапред 21 час
Уште еден премиерлигашки клуб заврши со казна и одземени бодови, битката за опстанок станува „пеколна“ (Фото)
-
ВТАпред 5 часа
Трагедија во Белорусија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Ачерби се огласи за расистичкиот скандал кој предизвика потрес во Италија: Знам што сум кажал на теренот
-
Светпред 23 часа
Ѕвездите на Реал влегоа во клинч, Љуљ со еден потег покажа лидерство (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Германски бундеслигаш го прозва Пике: Нека дојде и да видиме дали ќе го промени мислењето (Видео)
-
НБАпред 20 часа
Невидена сцена во НБА лигата: Блек и Дик ги разменија дресовите и режираа циркус за паметење (Видео)