Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ ги собра репрезентативците и испрати порака: Целта е да ја подмладиме репрезентацијата и да се вратиме на големите натпреварувања

Објавено

на

Новиот македонски селектор, Драган Бајиќ и официјално тргна со нашата репрезентација која наредниот месец ја очекува настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство.

На првиот тренинг ги немаше Ненад Димтријевиќ и Џејкоб Вајли кои би требало да бидат лидери во отсуство на браќата Војдан и Дамјан Стојановски. Повреден е Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски се појави, ама не тренираше, додека интересно го немаше ниту талентираниот Андреј Јакимовски.

Поради сето ова некои други момци ќе мора да излезат во прв план, Бајиќ веќе низ „квалификации“ селектираше уште неколку играчи кои би треба да дада придонес во остварување на зацртаните цели.

-Се надевам дека ќе можеме да ги повториме резултатите од некоја не толку далечна иднина. Се што правевме од почетокот на моето преземање е со таа цел и јас од него не планирам да се откажам.

-Сакам репрезентацијата да се подмлади, да направиме некој план и пат за во иднина за да успееме да се вратиме на големите натпреварувања. Од моето назначување, се обидов да ги следам сите кандидати за националниот тим, разговарав со сите нив и избрав некои момци на кои сега можам да сметам.

-Ќе бидат тука 16 кошаркари кои ќе ги користиме во тренажниот процес и сите ќе конкурираат за репрезентацијата. Просечната возраст изнесува околу 24 години и мислам дека тоа треба да биде патот за иднината,-порача предводникот на „црвено-жолтите“.

Да потсетиме наши противници на турнирот во Скопје се селекциите на Швајцарија и Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни