Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ ги посочи причините за поразот од Украина: Ги испочитувавме работите за кои се договоривме, но…

Објавено

на

Македонија и во вториот меч од квалификациите за Светското првенство во 2023 година претпре пораз, односно по Шпанија подобра од нас беше и селекцијата на Украина.

Ние одигравме добро прво полувреме во кое ја контролиравме играта, резултатот, имавме водство, но во вториот дел работите се сменија, противникот заигра на повисоко ниво и тоа ние не го испративме и загубивме во Киев со 78-61.

-Честитки до Украина за победата. Сакам да ги пофалам момците за одиграното прво полувреме. Имавме краток период на подготовка за овој меч. Ги испочитувавме работите за кои се договоривме во поголемиот дел од мечот. Влеговме во дуелот со еден спор ритам. Не дозволивме противникот да се разигра, менувавме одбрана, имавме контрола на играта, го држевме и скокот под контрола, немавме грешки.

-Меѓутоа во вториот дел снемавме енергија. Можеби напорниот пат си го направи своето. Така ја загубивме концентрацијата и се распадна се што градевме претходно. Фокусот и концентрацијата на крајот одлучија за конечниот резултат. Овие две средби беа доста тешки за нас. Мора да одиме понатаму, има уште натпревари да се играат и во февруари се надевам дека ќе бидеме комплетни. Ни недостасуваат пет играчи, тоа е многу и ни прави проблем во подготовката на натпреварите, -порача селекторот Драјан Бајиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни