Репрезентација
Бајиќ ги одреди патниците за Сарагоса, место во авионот има за дебитантите Стефанов и Ташовски

Предводникот на македонската репрезентација, Драган Бајиќ ги одбра играчите со кои ќе и се спротистави на Шпанија на квалификациската средба која на 1 јули се игра во Сарагоса.
Македонскиот селектор се одлучи да им даде шанса на двајца млади кошаркари, па така можност за деби ќе имаат Рубин Стефанов и Виктор Ташовски кои ќе му бидат поддршка на Кристијан Николов.
Стефанов е син на македонската легенда Врбица и настапува во Италија, додека Ташовски е дел од ТФТ. Освен нив во избраната „12-ка“ се уште Стојановски, Крстевски, Мекиќ, Николов, Робев, Ѓуроски, Маслинко, Ефремовски, Симиќ и Јакимовски.
За Страхил Николов и Валмир Какруки нема место односно ќе треба да почекаат друга шанса која би можела да биде дуелот со Украина во Скопје (4 јули).
Инаку нашиот национален тим во 8.40 часот ќе полета кон Истанбул, а потоа следува и лет кон Мадрид. На шпанското тло нашите најдобри кошаркари треба да бидат некаде пред 17.часот по што следува уште еден трансфер до крајната дестинација – Сарагоса.
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 20 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 23 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 13 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал