Поврзете се со нас

Англија

Баји со уникатен одговор за вечната дебата: Меси или Роналдо? Јас ќе кажам Рамос

Објавено

на

blank

Стоперот на англискиот прволигаш Манчестер Јунајтед, Ерик Баји имаше уникатен одговор на вечното прашање за тоа кој е најголем, подобар меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, двајца асови кои му дадоа многу на фудбалот во изминативе две децении.

Има различни мислења, ставови околу Аргентинецот и Португалецот, но досега никој не одговори како Баји кој ги тргна на страна ѕвездите на Барселона и Јувентус и во прв план го стави Серхио Рамос.

-Мојата најголема инспирација секогаш бил Рамос. Долго време му се воодушевивам поради се што прави во фудбалот и како продолжува на високо ниво. За мене е еден од најголемите играчи во историјата. Секој има свое мислење, ама е еден од најдобрите, вистински пример за мене. Ако ме прашуваш Меси или Роналдо, јас ќе кажам Рамос, -рече репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни