Поврзете се со нас

Македонија

Бајевски: Никако нова фузија, Вардар треба гордо да игра во втората лига

Објавено

на

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар со денешниот пораз од Струга и официјално ги загуби сите шанси за опстанок во првата лига.

Оваа турбулетна сезона на „црвено-црните“ заврши со најцрното сценарио, испаѓање во понизок ранг со тоа што во клубот допрва ќе мора да се решат многу други проблеми од кои секако најважен е долгот од неколку милиони кој мора да се подмири.

Навивачката група „Комити“ веќе испрати неколку соопштенија, а во меѓувреме се огласи и легендата на клубот, Александар Бајевски кој смета дека Вардар ќе ги надмине сите пречки и одново ќе биде голем, но мора да го изоди својот пат и да нема никаква фузија.

-Никој не може да го уништи ФК Вардар како бренд, верувајте, никој! Во овој клуб пораснав, овој клуб е мој втор дом и овој тим ме воспита гордо да стојам со крената глава и во победи и во порази. Затоа сите кои го сакаат клубот треба да сфатат дека не смее да се случи некаква фузија и треба гордо да се игра во втората лига. Ќе се вратиме многу брзо посилни. Еден живот, еден клуб, една љубов, Вардар, -напиша Бајевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни