Поврзете се со нас

Евролига

Баерн за првпат ќе игра во плејофот во Евролигата, Ефес постави нов клупски рекорд (ВИДЕО)

Објавено

на

Баерн Минхен е шестата екипа која обезбеди место во плејофот во Евролигата и тоа откако вечерва оствари драматичен триумф над Жалгирис од 71-70.

Човек на одлука беше српскиот репрезентативец Лучиќ кој во последните секунди беше двапати прецизен од „пенал“ линијата, а потоа имаше и блокада со која ја потврди победата на својата екипа, победа број 20 во актуелнава сезона.

Ова е историски успех за баварците за првпат во својата историја ќе разигруваат за пехарот. Лучиќ со 13 и Рејнолдс со 12 поени беа прв стрелци, кај гостите од Литванија бекот Вокап беше автор на 16 кошеви.

Анадолу Ефес пак по голема битка и дополнителни минути славеше над шпанскиот првак Басконија со 111-101. Ова за турскиот клуб е нов рекорд по постигнати поени во ова натпреварување, најефикасен беше Ларкин со 30 поени, Симон пак додаде 21 кош.

Геидраитис и Полонара искомбинираа 44 поени за Басконија.

На другите два меча, Панатинаикос славеше над Милано со 86-83, Звезда го доби Макаби ТА со 76-64.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни