Поврзете се со нас

Евролига

Баерн за првпат ја сруши ЦСКА Москва, Звезда заборави да победува во Белград (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Баерн Минхен успеа за првпат во својата историја да слави над ЦСКА Москва во меч од Евролигата.

На германскиот клуб му беа потребни осум натпревари, но кој чека ќе дочека, па така и тимот во Минхен кој дојде до сефте триумф против „армејците“ во Москва со 69-66. Избраниците на Трикиери одиграа страшна последна четвртина во која му дозволија на противникот да даде само 6 поени (19-6) и со тоа си отворија пат, овозможија славје против најдобриот руски клуб.

Болдвин со 22 поени беше прво име кај победникот за кого Сили додаде 17, а Рејнолд 16 кошеви со 8 скока.

Кај ЦСКА која одново беше без Мајк Џејмс, центарот Милутинов уфрли 16 кошеви со 7 скока и 1 блокада.

Црвена Звезда го претрпе третиот пораз во низа на домашен терен во Белград, овојпат од Асвел со 81-78. „Црвено-белите“ немаа одговор за Кол кој за 22 минути на паркетот даде 22 поени, најголема поддршка за Американеот беше искусниот Дио кој уфрли четири тројки од исто толку обиди или вкупно 14 поени.

Волден и Добриќ со по 17 поени беа најефикасни во редовите на Звезда.

Останати резултати:

Алба Берлин-Реал Мадрид 63-72

Панатинаикос-Валенсија 91-72

Басконија-Жалгирис 81-68

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни