Поврзете се со нас

Германија

Баерн во жестока офанзива: Еден од најдобрите играчи на Интер се сели во Минхен

Објавено

на

foto:twitter.com/Inter_en

Баерн Минхен доби нов стручен штаб предводен од Венсан Компани, а актуелното раководство очигледно решило да доведе неколку топ засилувања во овој преоден рок.

По информацијата дека бундеслигашот го обезбеди Ито и веќе има договор за трансфер на Олис од Кристал Палас, вообичаено добро информираниот „Билд“ тврди дека следен на списокот е Хакан Чалханоглу.

Ни помалку, ни повеќе, Баерн е решен да го ангажира еден од најдобрите играчи во составот на италијанскиот шампион, а веќе испратил и конкретна понуда до турскиот репрезентативец.

Чалханоглу би заработувал по 8 милиони евра по сезона, плата која не може да ја добие во Интер, а притоа ќе се врати во земјата од каде и го започна фудбалскиот пат.

Турскиот фудбалер има договор со Интер до 2027 година, но „Билд“ тврди дека Италијанците оставиле простор за преговори и можно е Чалханоглу да стане едно од поатрактивните имиња кои промениле клуб ова лето.

Пред да пристигне во Италија, играчот за врска настапуваше за Карлсруе, Хамбургер и Баер Леверкузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни