Поврзете се со нас

Германија

Баерн успеал да убеди една ѕвезда да потпише нов договор

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен се уште не го решил статусот на дел од своите фудбалери чии договори истекуваат наскоро, но се чини дека е блиску до такво нешто за една од ѕвездите која од медиумите веќе беше испратена во неколку европски ривали.

Добро информираните германски новинари пренесуваат дека Баерн постигнал договор со агентите на Алфонсо Дејвис и канадскиот репрезентативец ќе стави потпис на хартијата која ќе значи негово останување на „Алијанц арена“ уште неколку сезони.

Договорот на Дејвис истекува летово и долго се шпекулираше дека тој веќе има прифатено понуда на Реал Мадрид како слободен агент, па ова е голем пресврт и најава дека шпанскиот клуб ќе треба да бара друга солуција за бековската позиција.

Дејвис ќе потпише 4-годишен договор, а Баерн Минхен на тој начин си гарантира квалитетна покриеност на позицијата лев бек на подолг рок.

Финансиските параметри беа главен предуслов за продолжување на соработката, па се чини дека пресвртот доаѓа откако Баерн прифатил најголем дел од условите кои ги презентирале агентите на фудбалерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни