Поврзете се со нас

Германија

Баерн со пресврт закажа мега-дерби во Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен не изгледаше баш најдобро во првите 45 минути и се мачеше против Борусија Менхегладбах, тим кој во изминатите сезони навистина знаеше да го намачи и да го изненади германскиот шампион.

Така беше и денеска во воведната фаза од мечот во која гостите поведоа со 0:1, но добра вест за баварците беше тоа што реагираа навреме, или пред самиот крај на првиот дел.

Србинот Павловиќ одговори на голот на Елведи и израмни на 1:1, по што беше јасно дека Баерн ќе ги нападдне останатите два бода во второто полувреме.

Иако не изгледаше најточен во своите напади, тимот на Томас Тухел успеа да постигне водечки гол преку Хари Кејн во 70-та минута, а Де Лихт го реши прашањето околу победникот во 86-та.

Со овој пресврт, Баерн го одржа чекорот со Баер Леверкузен кој попладнево оствари рутинска победа над Дармштад со двата гола на Телја (0:2), по што стана јасно дека двата тима имаат одлично загревање за мега-дербито кое следи.

Следното коло на програмата е супер пресметката на „Бај Арена“, каде лидерото Леверкузен ќе го пречека Баерн со два бода предност на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни