Поврзете се со нас

Германија

Баерн со „петарда“ им се врати на победите во Бундеслигата, „тројка“ на Дортмунд за три нови бода (ВИДЕО)

Објавено

на

Доминација на домашните тимови донесоа четирите натпревари од 15:30 часот во германската Бундеслига.

Бранителот на титулата и актуелен лидер на табелата Баерн Минхен ги остави зад себе неуспесите против Арминија Билефелд и Ајнтрахт Франкфурт и тоа со „петарда“ во пресметката против Келн. „Баварците“ победија со 5-1 со головите кои беа дело на Чупо Мотинг, Левандовски (2) и Гнабри (2).

Ова за Баерн беше 16 сезонско славје со кое направи предност од пет бода во однос на Лајпциг кого оваа вечер го очекува сериозен предизвик против Борусија Менхенгладбах.

Борусија Дортмунд пак во вториот дел го скрши отпорот на Арминија и со тоа најави дека влегува во посакуваниот ритам. Дауд, Санчо и Реиниер беа автори на погодоците вреди три бода за „милионерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни