Поврзете се со нас

Германија

Баерн со официјално соопштение за Супер лигата: Остануваме солидарни со Бундеслигата

Објавено

на

Актуелниот европски и германски шампион, Баерн Минхен, денеска со соопштение го потврди ставот дека не планира да биде дел од новоформираната фудбалска Супер лига.

Она што веќе го најави Карл-Хајнц Румениге, сега е само официјализирано, со изјавите на Румениге и претседателот Херберт Хајнер, кои објаснија зошто клубот донел ваква одлука.

– Нашите членови и фанови се против Супер лигата. Тоа е наша желба и како Баерн Минхен и се надеваме дека заедно со другите европски клубови ќе продолжиме да ја развиваме Лигата на шампионите во сорабтка со УЕФА, – истакнува Хајнер.

– Баерн ќе се солидаризира со останатите членови на Бундеслигата, отсекогаш било вистинско задоволство да се биде германски претставник во Лигата на шампионите. Според нас, ЛШ е број еден натпреварување во светот, – изјавил Румениге.

Основачи на Супер лигата се 12 европски клубови, а меѓу нив нема претставник на Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни