Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)

Објавено

на

Динамо Загреб вчера пристигна во Минхен за да ја одработи стандардната прес-конференција како увертира за натпреварот кој се игра вечерва, но членовите на хрватскиот првак биле непријатно изненадени од обично гостопримливите Германци.

Баерн Минхен како клуб му забранил на Динамо да го одработи стандардниот тренинг на „Алијанц арена“, а како причина за тоа ја навел доста лошата состојба на теренот.

Баварскиот великан не дозволил да се тренира на теренот во пресрет на вечерашниот меч во првото коло од групната фаза, пред се поради фактот што состојбата на тревникот е многу лоша поради натпреварите на Европското првенство.

И покрај двете санации на тревата кои Баерн ги презел како клуб, лошите временски услови во Минхен направиле теренот да не се подобри, па за да се избегне уште полошо сценарио вечерва, Германците забраниле тренинг на гостинскиот тим.

Непријатното изненадување ги натерало Стефан Ристовски, Аријан Адеми и остсанатите да излезат на теренот само по тренерки, бидејќи им било дозволено само да се сликаат и да го разгледаат теренот со патики на нозете.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни