Поврзете се со нас

Германија

Баерн со интересно видео се пофали за продолжувањето на договорот со Кимих (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен не беше многу активен во овој преоден рок, но затоа раководството на клубот успеа да ја реализира една од своите најважни задачи во овој период.

Денеска Баварците потврдија дека продолжувањето на договорот со Џошуа Кимих е завршена работа и тој ќе биде член на Баерн до 2025 година.

Кимих дојде во Баерн во 2015 година и веќе има 264 настапи и 30 голови за својот тим, со кого досега имаше договор до 2023 година.

Германскиот великан реши да ја објави убавата вест со интересно видео, во кое учествуваат и Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан како претставници на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни