Поврзете се со нас

Германија

Баерн со фудбалски спектакл го понижи Шалке: Рабона магија на Левандовски, хет-трик на Гнабри и луда партија на Сане (Видео)

Објавено

на

Новата сезона во германската Бундеслига беше отворена на спектакуларен начин, бидејќи шампионот Баерн Минхен понуди неверојатна фудаблска претстава со која во секоја смисла го понижи големиот ривал Шалке 04.

Играчите и фановите на клубот од Гелзенкирхен уште долго ќе го памети гостувањето на „Алијанц арена“, бидејќи вечерва во Минхен гледавме фудбалски натпревар на кој се играше само во еден смер, односно кон голот на несреќниот голман Фарман.

Баерн Минхен беше немилосрден како во четвртфиналето во Лигата на шампионите, па актуелниот европски првак „испука“ дури осум гола во мрежата на Шалке, а притоа не прими ниту еден.

Во несекојдневната претстава во Минхен, главна ѕвезда беше Серж Гнабри кој постигна хет-трик, но страшно добра партија имаше и големото засилување Лирој Сане. Крилниот фудбалер беше едноставно несопирлив за противниците со својата брзина, па покрај тоа што двапати му асистираше на Гнабри, се запиша и во листата на стрелците со погодокот за 7:0 по додавањето од Кимих.

Овие двајца играчи креираа четири гола на Баерн, а останатите четири ги постигнаа Левандовски од пенал, Горецка, Мусиала и Милер. Погодокот на Томас исто така привлече големо внимание, но пред се поради асистенцијата на Левандовски кој со рабона бравура го проигра својот соиграч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни