Баерн скрати од платите на фудбалските ѕвезди за да ги заштити останатите вработени, Нојер веднаш се огласи

nojer-lenta

Баерн Минхен донесе мерка за намалување на платите на фудбалерите од првиот тим и на директорите на клубот во период на експанзија на коронавирусот во Германија, сето тоа со јасна цел платите на останатите вработени во клубот да останат недопрени и кризата да не се одрази врз нивните семејства.

Ваквиот класа потег на германскиот првак многу брзо наиде на одобрување од цела спортска јавност, но исто толку брзо пристигна и изјава од капитенот Мануел Нојер кој вели дека ова е најмалку што можат да направат фудбалерите како привилегирани граѓани.

Голманот не само што ја поддржа одлуката на клубот, туку се стави и на располагање да им биде поддршка на остантите вработени кои се соочуваат со тешки времиња.

– Ние фудбалерите сме посебна група на привилегирани спортисти, па поради тоа евидентно е да мораме да прифатиме намалување на платите кога тоа е потребно како сега. Баерн како клуб има речиси 1000 вработени и уште многу други во негово опкружување кои работат за доброто на клубот. Како тим сакаме да им помогнеме со овој гест и подготвен сум да им понудам и дополнителна сигурност, – изјави Нојер откако беше донесена одлука платите кај играчите и директорите да бидат скратени од 20 до 25 проценти.

Facebook Коментари