Поврзете се со нас

Германија

Баерн се пласираше во четвртфиналето, па го „врза“ играчот кој треба да биде лидер во иднина (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен се прикажа во едно од своите најдобри изданија во последните три месеци и го победи Лацио со резултат 3:0, а тоа беше доволно да се анулира негативата од Рим.

Германскиот првак загуби на првиот меч со 1:0 и мораше да брка резултат на домашен терен, но избраниците на Томас Тухел одговорија навистина позитивно и со сигурна победа се пласираа во ново четвртфинале во Лигата на шампионите.

Во сезона која делува дека е речиси загубена, за Баерн преостанува само да се бори за трофејот во најелитното натпреварување, но раководство веќе ја гледа и пошироката слика и се подготвува за иднината.

Клубот денеска му го продолжи договорот на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, супер надежниот Матијс Тел кој реши да стави потпис на долгорочен договор со баварците (2029-та година).

– Ова продолжување на договорот значи многу за мене. Веќе научив многу во Баерн, на теренот и надвор од него. Минхен стана дом за мене и моето семејство, немаше да станам тоа што сум денес без нив. Кога играте за Баерн, секогаш има голема одговорност. Сакам да давам голови и да им асистирам на соиграчите. Ќе дадам се за овој клуб. Мојот сон беше да играм за Баерн и сега го живеам сонот, – изјави 18-годишниот Французин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни