Поврзете се со нас

Германија

Баерн се откажа од посакуваната трансфер мета: Таа приказна е завршена

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен ќе проба до крајот на овој зимски преоден рок да доведе уште некое засилување иако засега има проблеми да дојде до посакуваните цели.

Германскиот првак го доби потписот на Ерик Даер кој не беше во прв план во Тотенхем, ама неуспешно ја заврши потерата по бекот на Њукасл, Киран Трипие и тоа го потврди спортскиот директор, Кристоф Фројнд.

-Тоа е решено, да. Правиме само нешто во што сме 100 проценти убедени, тоа отсекогаш сме го кажувале. Тоа мора да биде точно во сите параметри и за играчот, за нас и за клубот од кој се прави трансферот, а тоа не беше случај. Со Трипиер е готово, -истакна Фројнд.

Сега Баерн се фокусира на членот на ПСЖ, Норди Мукуеле за кого Фројнд даде краток одговор дали можат да го потпишат.

-Да-порача оперативецот на бундеслигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни