Поврзете се со нас

Германија

Баерн се откажа од најавуваниот трансфер на дефанзивец од редовите на Баер

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен беше прв фаворит да го добие потписот на Џонатан Та, но на крајот клубот се повлече откако не успеа да најде заеднички јазик со Баер Леверкузен.

Спортскиот директор Макс Еберл денеска потврдил дека Та нема да се пресели во Минхен, затоа што Баварците не ги прифатиле условите на кои инсистира актуелниот германски шампион.

Та директно побарал од Баер да му овозможи трансфер во ривалот, па сега дефанзивецот е во незгодна позиција бидејќи таквиот потег не му се допадна ниту на тренерот Чаби Алонсо.

Еберл им потврдил на новинарите дека Баерн понудил 20 милиони евра плус 5 милиони како евентуални бонуси, но тоа очигледно не било доволно за да биде прифатена можноста за реализација на трансферот.

Германскиот репрезентативец може да заврши и во друг клуб, интерес имаше и кај Ханси Флик и Барселона, но и шпанскиот клуб во моментов тешко може да излезе во пресрет на барањата на „фармацевтите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни