Поврзете се со нас

Германија

Баерн сака „хет-трик“: Германскиот шампион отвори преговори со капитенот на Лајпциг

Објавено

на

Баерн Минхен веќе ги осигура услугите на Јулијан Нагелсман и Дајот Упамекано од редовите на Ред Бул Лајпциг, но германскиот фудбалски великан сега дополнително сака да ги ослаби редовите на еден од ривалите за титулата, а со тоа да го засили својот ростер за новата натпреварувачка сезона.

Угледниот „Билд“ денеска излезе со своја ексклузива за новата трансфер аквизиција која ја подготвува германскиот шампион, кој сака по секоја цена да го добие капитенот на Лајпциг кој има важечки договор со актуелниот клуб уште 12 месеци.

Баварскиот гигант смета дека сума од 20 милиони евра ќе биде доволна за осигурување на услугите на австрискиот репрезентативец кој е еден од најдобрите играчи на Лајпциг, а кој беше клучен во системот на Нагелсман кој сега е лидер на новиот проект на Баерн.

По веста на „Билд“, со јавна потврда за започнати преговори меѓу двата клуба излезе и познатиот новинар Кристијан Фалк, па со изјава се јави и главниот оперативец на Лајпциг.

– Саби е наш капитен и направи извонредни работи за нашиот клуб низ годините. Ние би сакале да остане со нас, има уште една година од договорот. Нема да паничиме, ќе почнеме преговори со него и ќе видиме во која насока ќе се одвиваат работите, – изјави Минтѕалф за „Скај Германија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни