Германија
Баерн сака да го „украде“ посакуваното засилување на Барселона
Баерн Минхен се стабилизираше под водство на новиот тренер Венсан Компани пред кого се уште е доста работа затоа што допрва следат вистинските предизвици и борбите за пехарите во актуелната сезона.
Меѓутоа големите клубови како што е Баерн размислуваат и на подолги стази, потезите кои можат да бидат повлечени во блиска иднина на трансфер пазарот, па според последните информации од Германија клубот од Минхен „мерка“ играч кој долго време е на мета на Барселона-тоа е шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс.
Барса посакуваше да го доведе претходново лето, но Нико на крајот остана во Атлетик Билбао со тоа што се појавија информации дека актуелнава кампања ќе биде последна за него и дека во 2025 ќе биде отворен за трансфер.
Вилијамс е одличен играч кој знае да направи разлика и тоа добро го знае Баерн, тим кој планира да направи промена во офанзивната линија, крилните позиции и тоа веќе го најави легендарниот Лотар Матеус.
Матеус најави промени во Баерн: Ќе си замине еден, можеби и двајца од нив
Матеус пред некое време порача дека сигурно еден, можеби двајца ќе си заминат од Лерој Сане, Серж Гнабри и Кингсли Коман. Ако се поклопува со последниве вести кои велат дека германскиот прволигаш сериозно размислува за Вилијамс кого би го добил за прифатлива сума на пари, ама исто така и го следи Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд што значи дека повеќе од реална опцијата великанот да добие нови офанзивци во текот на 2025 година.
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан