Баерн сака да донесе свое дете како поддршка во нападот за Левандовски

Wagner

Актуелниот германски гигант, Баерн Минхен по се изгледа ќе биде активен во зимскиот преоден рок со тоа што целта е повеќе од јасна, да се најде напаѓач кој ќе биде добра поддршка и алтернатива за Роберт Левандовски.

Баварците немаат класича замена за Полјакот, па кога тој е во „аут“ или одмара клубот го користи Томас Милер или пак екипата игра без шпиц, поточно без класична „деветка“. Токму поради тоа првакот сака да ангажира ново име, а метата е веќе утврдена-тоа е 29-годишниот Сандро Вагнер.

Станува збор за играч кој ја има минато школата на Баерн, па потоа преку вториот тим има заиграно и за сениорите во напреварувачката 2007-2008 по што почнува неговата авантурата во неколку германски тимови за да сега е во таборот на Хофенхајм каде импресионира и доби дури повици за националниот тим.

Хофенхајм е подготвен за соработка, ама да се исполнат нивните услови и траснфер обештетувањето кое според информациите би требало да биде најмалку 10 милиони евра.

-Точно е, ама тоа го знаеме подолго време, не е од вчера. Свесни сме за интересот. Ќе соопштиме ако има нешто за соопштување. Нема незадоволство што е заинтересиран, но има сочувство. Тој не е мој играч, му припаѓа на клубот. Ако клубовите постигнат договор, се обидувате да ги надоместите работите како тренер, -посочи стратегот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман.

Facebook Коментари