Поврзете се со нас

Германија

Баерн реши една дефанзивна дилема за следната сезона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Раководството на Баерн Минхен има сериозен предизвик во пресрет на новата сезона, а на дневен ред се нов тренер, преговори со Кимих и Дејвис чии договори истекуваат во 2025 година, како и обезбедување нови засилувања за тимот.

Според добро информираниот портал „Атлетик“, бундеслигашот уште отсега решил да стави крај на неизвесноста во случајот со Ерик Дајер, па го информирал Тотенхем за својата конечна одлука.

Баварците решиле да го продолжат престојот на дефанзивецот и за следната сезона, што значи дека Дајер ќе му биде соиграч на Хари Кејн и во сезоната 2024/25, а веројатно и подоцна.

Договорот на Дајер со Тотенхем истекува во јуни 2025 година, па јасно е дека тогаш ќе може да потпише за Баерн и подолгорочна соработка без никаква оштета за премиерлигашот.

Останува непознато колку ќе плати Баерн за заемот за дополнителната сезона, бидејќи за актуелниот ангажман прифати да исплати 4 милиони евра на англискиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни