Поврзете се со нас

Германија

Баерн размислува за голем пресврт и изненадувачка одлука за тренерското место

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен се уште нема направено конечен избор за наследникот на Томас Тухел од следната сезона, а последните информации на дел од најдобро информираните германски новинари најавуваат интересно сценарио.

Досега се вртеа многу имиња, вклучувајќи го Чаби Алонсо кој самиот се елиминира од трката, а најновата варијанта се вика Јулијан Нагелсман.

Актуелниот германски селектор беше отпуштен од Баерн минатата сезона и на негово место експресно беше доведен Тухел, за сега новиот спортски директор Макс Еберл да разговара за негов камбек во Минхен.

Новинарот Кристијан Фалк потврди дека Еберл лично ги контактирал агентите на Нагелсман и зборувал на оваа тема, додека стручњакот во моментов е фокусиран на националниот тим и подготовките за ЕП на домашен терен.

Нагелсман има договор со федерацијата за до крајот на ЕП, што значи дека може да преговара со Баерн, а олеснителна околност е што во раководството на клубот веќе не се функционерите кои го отпуштија.

Во таа насока оди и неодамнешната изјава на влијателниот Ули Хенес, кој за неколку медиуми повтори дека одлуката на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ да го отпуштат Нагелсман била избрзана и незрела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни