Поврзете се со нас

Германија

Баерн рано остана без Нојер, па доживеа елиминација од Леверкузен во Купот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/bayer04_en

Баер Леверкузен профитираше од исклучувањето на Мануел Нојер и со голема победа на „Алијанц“, го елиминираше Баерн Минхен во германскиот фудбалски Куп.

„Фармацевтите“ имаа незгодно гостување во оваа осминафинална фаза, но постигнаа гол во вториот дел со кој си обезбедија пласман во следната рунда, истовремено отстранувајќи го најголемиот ривал од ова натпреварување.

Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата по стартот надвор од шеснаесетникот во 17. минута, со што Баварците до крајот играа со фудбалер помалку.

Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)

Домаќините имаа свои шанси, но не ги реализираа, додека Баер го постигна единствениот гол преку Тела во 69. минута, за конечни 0:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни