Поврзете се со нас

Германија

Баерн продолжи да победува во Бундеслигата, Лајпциг покажа две лица против Бохум (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Фудбалерите на Баерн Минхен продолжија да победуваат во германскиот шампионат каде попладнево го совладаа составот на Волфзбург со 3:2.

Ова за клубот од Минхен беше четврто славје во низа, вкупно четиринаесетто во тековнава сезона со што сега има седум бода повеќе од Баер Леверкузен кој допрва ќе се соочи со Борусија Менхенгладбах.

Горецка даде два гола, погоди и Олис, додека Амаура исто беше двоен стрелец за гостите.

РБ Лајпциг без нашиот Елиф Елмас кој остана на клупата за резерви покажа две лица во соочувањето со Бохум и остана без целиот плен на ова гостување.

„Биковите“ водеа со 3-0 по само 22 минути игра и многумина предвидоа тежок дебакл на домаќинот, ама се случи сосема спротивникот. Бохум остана на овој минус на крајот на првиот дел за да во второто полувреме Боаду со хет-трик донесе 3-3 и голем бод за составот кој се бори за опстанок.

До триумфи на останатите соочувања стигнаа Ст.Паули, Хофенхајм и Штутгарт.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни