Поврзете се со нас

Германија

Баерн потврди трансфер бомба која ќе ги израдува фановите на европскиот и светски првак

Објавено

на

Баерн Минхен го обезбеди потписот на одличниот стопер Дајо Упамeкано, потврди клубот е актуелен европски шампион и кој вчера освои уште една титула на Светското клупско првенство.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ за „Билд“ потврдил дека двете страни ги договориле условите за трансферот кој ќе биде реализиран по крајот на сезоната.

– Навистина сме среќни поради овој трансфер. Знаевме дека имаме силна конкуренција, но ние му ја претставивме нашата визија и тој се одлучи за Баерн, – изјавил Салихамиџиќ.

Актуелниот фудбалер на РБ Лајпциг ќе потпише петгодишен договор со Баерн Минхен, а за него се интересираа речиси сите најбогати европски клубови.

Неофицијално, Баварците ќе му платат на Лајпциг 42,5 милиони евра за францускиот дефанзивец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни