Баерн постигнал договор со голем шпански талент

marc-roca

Баерн Минхен успеал да постигне договор со еден од најталентираните шпански фудбалери, Марк Рока, кој досега настапуваше за Еспањол.

По импресивните настапи на последното Европско првенство за играчи до 21 година, Рока дополнително го привлече вниманието на големите клубови, но Баерн уште претходно имал контакти со неговиот агент, за сега и официјално да добие согласност за реализација на трансферот.

Иако Германците засега ниту потврдуваат, ниту демантираат, „Марка“ тврди дека шампионот во Бундеслигата ќе мора да плати 40 милион евра за трансферот на Рока, доколку Шпанците инсистираат на откупната клаузула од неговиот договор.

Facebook Коментари