Поврзете се со нас

Германија

Баерн постигна гол, Милер извади ливче од долната облека и им делеше инструкции на соиграчите (Видео)

Објавено

на

Томас Милер е жива легенда на Баерн Минхен и очигледно ќе има поголема минутажа под водство на Венсан Компани, тренер кој денеска му даде шанса на ветеранот во ситуација кога неговиот тим бркаше резултат.

Милер речиси да отпадна од ротацијата на Томас Тухел на крајот на минатата сезона, но новата ја отвори со 30-тина минути на теренот, вклучувајќи го и продолжението.

Искусниот напаѓач влезе во игра во 65-та минута и во првиот напад се погрижи за мешаница во одбраната на Волфзбург, по која Баерн со многу среќа израмни на 2:2.

Голема несреќа имаше Камински кој си постигна автогол, но она што привлече посебно внимание е потегот на Милер во следните секунди.

Наместо да го слави голот, Милер извади ливче од долната облека и почна да им дели инструкции на своите соиграчи, совети кои очигледно беа запишани од тренерот Компани.

Оваа необична ситуација стана вирален хит, а урнебесен коментар даде и Џошуа Кимих.

– Тренерот сакаше да промениме нешто, но видовте ли од каде го извади Милер парчето хартија? Да бидам искрен, не сакав да го допрам, – шеговито изјави Кимих.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни