Поврзете се со нас

Германија

Баерн покажа класа со честитката за новиот историски шампион во Бундеслигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен го оттргна од себе непријатниот прекар „Неверкузен“ и за првпат во својата клупска историја стана национален шампион, а вистински херој на „фармацевтите“ е Чаби Алонсо.

После многу неуспешни обиди и сезони во кои тимот завршувал втор, Чаби создаде тим кој испорача историска сезона во Бундеслигата, но што е уште поважно, ја прекина страшната доминација на Баерн Минхен.

Баварците цели 11 години доминираа во германската елита, но на страшната серија и дојде крај и Леверкузен сосема заслужено е нов шампион во Бундеслигата.

Навивачите на Баер режираа вистинска фешта по победата на Вердер Бремен и почнаа лудо да ја слават титулата, а од Баерн покажаа класа и испратија низа честитки за новиот германски првак.

-Честитки до Баер Леверкузен за историската прва титула во Германија во историјата на клубот. Титулата оди во Леверкузен апсолутно заслужено: Тоа е награда за извонредната сезона и одличниот фудбал. Целта на ФК Баерн е јасна, титулата да се врати во Минхен! Се гледаме во новата сезона, – порача претседателот Херберт Хајнер.

– Можеме само да им честитаме на сите во Баер Леверкузен. Досега одиграа беспрекорна сезона, тимот покажа храброст, класа и пред се доследност и затоа заслужено стана нов германски шампион. Би сакал да упатам и мои лични честитки до мојот колега Фернандо Каро и нашиот поранешен играч Чаби Алонсо. Но, едно е исто така сигурно: Ќе го земеме ова како директен поттик, ќе работиме уште понапорно и нема да мируваме додека трофејот не се врати во Минхен на Забенер Штрасе, – изјави Јан-Кристијан Дрисен, извршниот директор на Баерн.

– Баер Леверкузен имаше одлична сезона, па јасно е дека ние од Баерн сакаме да бидеме меѓу првите што ќе им честитаме. Посебно му честитам на Чаби Алонсо, неговиот тренерски тим и на целиот состав. Вашиот фудбал ја воодушеви Бундеслигата. Серијата на Баерн прекина, но сега ќе направиме се што можеме за повторно да го нападнеме следниот трофеј, – порача Макс Еберл, новиот спортски директор на баварците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни