Баерн подобар од Реал, Родриго му го украде шоуто на Азар (Видео)

real-baern

Германскиот шампион Баерн Минхен го победи Реал Мадрид со 3:1 и ја извојува првата победа во вториот натпревар во рамките на Интернационалниот куп на шампиони.

Нико Ковач реши да започне со силен состав и стави на знаење дека оди на победа, додека Реал Мадрид го играше својот прв контролен дуел во САД и во неговите редови дебитираа Азар, Јовиќ, Родриго, Менди и Кубо.

Амбициозноста на Баварците беше потврдена уште во 15. минута кога Толисо го отвори резултатот, а во вториот дел Левандовски и Гнабри со по еден погодок донесоа убедлива предност. Во завршницата Родриго на атрактивен начин само го ублажи поразот, постигнувајќи го првиот гол во дресот на Реал, а претходно голманот Улрајх заработи црвен картон поради прекршок надвор од шеснаесетникот.

Facebook Коментари