Германија
Баерн под притисок на фановите да се откаже од еден спонзорски договор
Германскиот великан Баерн Минхен се најде пред неочекувано голем притисок од својата фан база, која бара клубот да се откаже од спонзорскиот договор со „Катар ервејс“.
Авио-компанијата е во државна сопственост на азиската земја и инвестира сериозна сума пари во буџетот на Баерн, но сега на претстојното собрание на клубот ќе биде разгледано барањето за повлекување од соработката.
Еден од членовите на клубот, Михаел От, доставил официјално барање за разгледување на точката, а главна причина за притисокот врз Баерн се критиките на адреса на Катар во однос на непочитувањето на основните човекови права.
– Катар е земја препознатлива поради непочитување на основните права, но и корупција во спортот. Со соработката, Баерн им помага на владејачките структури да го свртат вниманието на друга страна. Ваквото индеферентно однесување го нарушува и угледот на клубот, – вели От во своето барање.
Баерн и „Катер ервејс“ имаат договор до 2023 година, па барањето не е да се раскине договорот, бидејќи тоа би било комплицирано за клубот, туку уште отсега да се утврди дека тој договор нема да биде продолжен.
-
Шпанијапред 15 часа
Фудбалската среќа му се насмевна на Реал, „кралевите“ победија со удари од 11 метри (Видео)
-
АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Светпред 15 часа
Олимпија Милано ја сподели спектакуларната тројка на Димитријевиќ на дебито против Фенербахче (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Барселона одбила понуда со која ќе бил соборен трансфер рекордот во женскиот фудбал
-
Англијапред 17 часа
Прв кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата: Дуран испали „проектил“, Мартинез се фаќаше за глава (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг се пожали по победата на Јунајтед: Добиваме нефер третман од Премиер лигата
-
Италијапред 15 часа
Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)